Во Конго пак се шири еболата, три месеци по последната пандемија

Демократска Република Конго објави дека вирусот ебола повторно се шири на истокот од земјата, каде што Светската здравствена организација испрати тим свои епидемиолози по смртта на една жена од оваа болест, три месеци по крајот на последната пандемија.

Фото: ЕПА

Ова го потврди министерот за здравство Етени Лонгондо за државната телевизија, додавајќи дека жената починала на 3 февруари во близина на градот Биен во Северен Киву, на истокот од земјата. Анализата на примерок од нејзината крв земена пред нејзината смрт покажала дека таа била позитивна на вирусот ебола, соопшти министерството за здравство.

Биена се наоѓа во околината на градот Бутемба, каде што епидемиолозите на СЗО спроведуваат теренска истрага и каде што се откриени 70 контакти на починатата жена, вели африканската канцеларија на СЗО во соопштение објавено вчера во Бразавил.

Новиот случај беше пријавен откако на 18 ноември беше официјално прогласен крај на 11-та епидемија на ебола во северозападната провинција Екватор, која однесе 55 животи од 130 пријавени случаи. Закрепнувањето на последниот пациент со ебола во таа провинција на Конго беше потврдено на 16 октомври.

Министерот Лонгондо не прогласи нова, дванаесетта пандемија, но во средината на ноември предупреди дека „постои постојана опасност од повторна појава на еболата“.

Вирусот на еболата се пренесува на луѓето од заразено животно. Од човек на човек се пренесува преку телесните течности, а главните симптоми се треска, повраќање, крварење и дијареја.

По големата пандемија што од 2013 до 2016 година владееше со Западна Африка, при што починаа 11.000 луѓе и болеста преку хуманитарните работници се пренесе на Запад, СЗО по секоја појава на ебола стравува од ширење на вирусот во светот. Всушност, агенцијата на ООН претходната епидемија во источно Конго ја прогласи за меѓународна здравствена криза.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе