Според судската одлука донесена во понеделникот, со која се става крај на долготрајната правна битка, жените нема да бидат кривично гонети поради барање абортус до шестиот месец од бременоста, по што постапката ќе биде дозволена само за веќе наведените исклучителни случаи.
„Практиката на абортус ќе биде казнива само во случаи кога се извршува по 24 недела од бременоста, а овој временски рок не важи за трите околности од одлуката Ц-355 од 2006 година“, се вели во соопштението на судот.
Коалицијата Кауса Јуста, една од водечките групи за право на абортус во земјата, проценува дека околу 90 отсто од абортусите во Колумбија се вршат нелегално, што, предупредуваат тие ги става во опасност животите на жените кои се одлучуваат за опасни алтернативи на местото на лекарите.
„Успеавме!“, објави на својот Твитер коалицијата составена претежно од феминистички организации. Во септември 2020 година, коалицијата поднесе тужба за декриминализирање на абортусот. Според податоците на Кауса Јуста, од 2006 до средината на 2019 година, околу 350 жени биле осудени или санкционирани поради абортус, вклучително и најмалку 80 девојчиња на возраст под 18 години.
Елиминирањето на заканата од потенцијално кривично гонење за жените - особено за оние во руралните и сиромашните области - ќе значи дека ќе можат да бараат безбеден абортус, се тврди во тужбата на Кауса Јуста. Абортусот е слободно достапен во Аргентина и Уругвај со одредени временски ограничувања, додека Врховниот суд на Мексико го декриминализираше минатата година.
Националното собрание на Еквадор минатата недела ги одобри регулативите кои дозволуваат абортус во случаи на силување, додека новиот чилеански претседател Габриел Борик вети дека абортусот ќе го направи слободно достапен.