Не е соопштен процентот на населението кој добил две дози

Во Кина дадени повеќе од милијарда дози од вакцините против коронавирусот

Во Кина се дадени повеќе од милијарда дози од вакцините против коронавирусот, соопшти денес кинеското министерство за здравство.

EPA-EFE

„Вкупно се дадени 1,01 милијарди дози вакцини“, наведе кинеското министерство.

Меѓутоа, не е соопштен процентот на населението во Кина кој ги добил двете дози на вакцината.

Кинеските власти се надеваат дека до крајот на годината 70 отсто од населението ќе ги примат двете дози од вакцините, а тоа е околу милијарда луѓе.

Во Кина се достапни четири вакцини против ковид-19 од домашно производство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе