Детето умрело на пат кон болница

Во Киев пукано во возило на парламентарец, убиен неговиот тригодишен син (ВИДЕО)

Засега непознати напаѓачи синоќа пукале во главниот град на Украина во автомобил на локалниот пратеник Вјачеслав Соболев, а како што пренесуваат агенциите, во нападот е убиен неговиот тригодишен син.

„Откако било рането од огнено оружје детето умрело во возилото на брза помош на патот кон болницата“, соопшти министерството за внатрешни работи на Украина.

Соболев е бизнисмен од Доњецк, жариштето на прорускиот бунт во Украина, а во периодот од 2010 до 2011 година беше извршен директор на украинската државна енергетска компанија Нафтогаз.

Тој на полицијата ѝ кажал дека пукањето се случило кога, при враќањето дома од еден киевски ресторан, застанал на семафор. Агенциите пренесуваат дека Соболев кажал дека во тој момент почнало пукањето и дека со него во автомобилот биле неговата сопруга и тригодишниот син Александар.

На улиците на Киев се случија неколку убиства на јавни личности по немирите кои резултираа со менувањето на претседателот Виктор Јанукович.

Киев од синоќа се наоѓа под опсада бидејќи полицијата спроведува опсежна акција за откривање на напаѓачите.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе