Катар

Во Катар за шетање без маска казна од 49.000 евра или 3 години затвор

Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека од недела носењето маски на отворено ќе биде задолжително.

Оние што нема да го почитуваат тоа ќе бидат казнети со максимум 200.000 риали (49.000 евра), пренесува Гардијан.

Прекршителите може да бидат затворени и до три години, се вели во соопштението на профилот на Министерството на Твитер.

Во соопштението се додава дека само лицата што се сами во возилата ќе бидат ослободени од ова правило.

Катар пријави 1.733 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со вкупно 28.227 заразени и 14 починати.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе