Додека Италија е во карантин поради коронавирусот

Во каналите во Венеција се појавуваат лебеди, разиграно пливаат делфини (ФОТО+ВИДЕО)

„Природата само го стисна копчето рестарт“ во ненадејно чистите води на венециските канали и на брегот на Италија, која е во карантин поради коронавирусот.

Како би изгледал светот без луѓето? Додека земјите воведуваат карантин за да го спречат ширењето на ковид-19, фотографиите и видеата на социјалните медиуми велат дека тој, како прво, би бил многу почист.

Како што рече еден набљудувач, „Природата само го стисна копчето за рестарт“.

Повеќето патувања во земјите низ Европската Унија се забранети, а Италија, епицентарот на епидемијата на континентот, ги затвори сите фирми и фабрики што не се неопходни.

Во Венеција, градот што претходно со месеци се бореше со преголемиот туризам, каналите што обично вријат од туристи и бродскиот сообраќај се скоро празни. На социјалните медиуми луѓето споделуваат фотографии и видеа од чиста вода и диви животни што ретко се гледаат близу градот. За некои, тоа беше мал знак на надеж, во моменти кога бројот на починатите во земјата се искачува на над 3.400.

Италијанците на социјалните медиуми сè повеќе шират позитивни вести во седмиците откако беа спроведени мерките за карантин. Видеата на луѓе што заедно пеат на своите балкони се вирални, па дури и го инспирираа фронтменот на У2, Боно, да објави нова музика на своите страници на Инстаграм и на Фејсбук.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе