Весли Браунли беше приведен вчераутро откако планирал „лов“ на уште една можна жртва, изјави началникот Стенли Мекфејден на прес-конференција.
Полицијата го запрела осомничениот Весли Браунли во неговиот автомобил откако добила информација за неговата локација. Бил облечен во црно и имал пиштол и маска околу вратот
„Беше во мисија да убие“, рече Мекфејден, додавајќи дека „уверени сме дека спречивме уште едно убиство".
Пет мажи биле убиени во Стоктон помеѓу 8 јули и 27 септември во слични околности. Уште еден маж бил убиен во април 2021 година во Оукленд, 80 километри западно од Стоктон.
Жртвите биле на возраст меѓу 21 и 54 години.
Мотивот за убиствата не е утврден, а осомничениот треба да биде изведен пред судија следната недела.