Во Калифорнија би можело да има стотици мртви – потврдени се 63 жртви и 631 исчезнат (ВИДЕО)

Бројот на потврдени жртви во катастрофалните пожари кои минатата недела ја зафатија северна Калифорнија порасна на 63, додека бројот на лица кои се сметаат за исчезнати се дури 631, објави шерифот на округот Бат Кори Хонеа.

Најтешко настрада гратчето Парадајс, околу 280 километри северно од Сан Франциско, во кое живееја 27.000 жители. Пожарот целосно уништи 9.000 куќи и други згради, а по минувањето на огнената стихија низ тој град останаа само купишта пепел.

Од областа погодена од најстрашниот пожар во историјата на сојузната американска држава евакуирани се околу 50.000 луѓе.

Пожарите во кои загинаа најмалку 63 луѓе, според најновите податоци, продолжуваат да пустошат по Калифорнија, каде властите се обидуваат да најдат 631 лице кои сѐ уште се водат како исчезнати.

„Сѐ исчезна за само осум часа. Избришан е целиот град“, изјави жител на Парадјс.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе