Во Калифорнија беснее пожар, почнаа евакуации на населението (ВИДЕО)

Пожар потпомогнат од ветерот го пустоши северното подножје на калифорниската долина Сан Фернандо, зафаќајќи 30 квадратни километри земја, при што се запалиле најмалку 25 куќи, а илјадници луѓе морале да ги напуштат домовите.

Пожарот Седлриџ, кој изби во четвртокот вечета во Силмар, со помош на силниот ветер набрзо се прошири на запад кон Портер ренч и други општини.

Во текот на ноќта беа наредени евакуации на населението за околу 23.000 домаќинства во појасот кој опфаќа околу 100.000 жители.

Властите предупредија дека и други општини во близина на пожарот мора да бидат спремни да го напуштат подрачјето во моментот кога ќе објават дека ветерот го сменил правецот.

„Фактот дека членовите на заедницата рано ги послушаа предупредувањата за евакуација прави голема разлика, овозможувајќи им на пожарникарите да влезат во општините и да го заштитат имотот“, кажа заменик командантот на пожарникарската станица во Лос Анџелес Дејвид Ричардсон.

За разлика од него, командантот на полицијата на Лос Анџелес Мајкл Мур кажа дека видел сопственици на куќи како стојат во своите дворови. Тој ги повика жителите да се евакуираат штом биде издадена наредба.

„Тие поединци не се доведуваат само себеси во опасност, туку и оние кои први доаѓаат на помош, полицајците и пожарникарите кои чувствуваат потреба и желба да ги спасат“, кажа Мур.

Еден пожарникар добил помали повреди борејќи се со огнената стихија.

Над 1.000 пожарникари продолжуваат да се борат со огнот од воздух и од земја, а најавено е дека ветерот денес ќе ослаби, што ќе им ја олесни работата.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе