„Ова е порака за Пјонгјанг“

Во Јужна Кореја вплови американски носач на авиони, за првпат од 2018 (ВИДЕО)

Американски носач на авиони пристигна во Јужна Кореја за првпат по четири години и се придружи на остатокот на воената флота во демонстрација на сила со која ѝ се испраќа порака на Северна Кореја. Американскиот воен брод Роналд Реган и останатите бродови од ударната група пристигнаа во градот Бусан, пристанишен град на југот на земјата.

EPA-EFE

Нивното пристигнување претставува најголемото распоредување воени бродови во таа област. Станува збор за силење со „стратегиски капацитети“ во таа област насочено против комунистичка Северна Кореја, што ги крева тензиите на Корејскиот Полуостров.

Командантот на американската ударна група адмиралот Мајкл Донели кажа дека станува збор за јакнење на односите со јужнокорејските сојузници и соработката меѓу двете воени морнарици, додавајќи дека „испраќањето пораки им го остава на дипломатите“.

„За нас ова е прилика да вежбаме тактики и операции“, кажа Донели.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, на функција од мај 2022, заговара заеднички воени маневри со САД и други демонстрации на воена моќ како предупредување до Пјонгјанг кој годинава изврши рекорден број ракетни тестови.

Северна Кореја одбива да го прекине развојот на својата нуклеарна програма и проектилите. Аналитичарите сметаат дека Пјонгјанг би можел повторно да тестира нуклеарно оружје, за првпат по 2017.

Ова е прво впловување на американски носач на авиони во Јужна Кореја од 2018. Од тогаш беше намален бројот на воените вежби, а беа засилени дипломатските активности со Северна Кореја, но преговорите со Пјонгјанг и понатаму се на мртва точка.

Сега се поставува прашањето која би била улогата на 28.500 американски војници распоредени во Јужна Кореја во случај на конфликт околу Тајван.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе