Во Јужна Кореја, повеќе од 200 луѓе се заразиле со коронавирус во ноќните клубови

Пред две недели, во главниот град на Јужна Кореја, Сеул дошло до пораст на бројот на случаи на зараза со коронавирус, јавува Си-ен-ен, што веднаш ги алармирало властите на земјата. Во тоа време веќе се започнало со олабавување на рестриктивните мерки и повторно започнување на некои бизниси, по врвот на епидемијата во февруари и март.

Фото: ЕПА

Властите брзо откриле дека жариштето на инфекцијата се наоѓа во Итајвон, дел од градот познат по ноќниот живот, каде се наоѓаат популарни барови и ноќни клубови. Имено, 29-годишен маж кој бил заразен со коронавирус посетил неколку ноќни клубови, каде што вирусот им го пренел на десетици луѓе.

Во моментов се откриени 219 случаи на инфекција поврзани со овој кластер, рече денес Квон Јун-воук, директор на Центарот за контрола и превенција на болести.

Досега во Јужна Кореја се пријавени 11.165 случаи на инфекција, а 266 лица починале.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе