Тајфунот Хагибис

Во Јапонија пристигнува најсилниот тајфун во последните 60 години, милиони пред евакуација (ФОТО+ВИДЕО)

Во Јапонија загина еден човек, а милион луѓе би требало да се евакуираат поради силниот тајфун кој се приближил синоќа носејќи ги најобилните дождови и најсилните ветришта во последните 60 години.

Четириесетгодишен маж загина утринава во превртување на автомобил во источно Токио, каде се забележани од над 200 км/ч, јавуваат јапонските агенции.

Повередени се четири лица, исто така во префектурата Чиба, а ветриштата корнеле покриви од куќите.

Властите објавија совети за евакуација во погодените области, пред сѐ поради опасност од поплави и лизгање на земјиште, вклучувајќи го и регионот на Токио.

Тајфунот Хагибис, што значи „брзина“ на филипинскиот јазик тагалог, би требало да стигне до копното вечерва на главниот јапонки остров Хоншу, еден месец по еден од најсилните тајфуни во изминатите години кој оштети 30.000 домови и предизвика прекин на електричната енергија.

Над 16.000 домаќинства останаа без струја, вклучувајќи 7.200 во Чиба, поради тајфунот Факсаи пред еден месец, обајви министерството за индустрија.

Јапонското министерство за одбрана отвори нов профил на Твитер за да објавува информации за напорите во борбата против катастрофата.

Од претпазливост се затворени продавниците, фабриките и подземната железница, а организаторите на јапонската Голема награда на Јапонија, Ф1 трката, ги откажаа активностите предвидени за денес.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе