Во израелски напад на училиште убиени и работници на ОН

Активисти на Обединетите нации загинале во израелски напад на училиште во Газа, објавил синоќа генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и „остро го осудил“ нападот. „Има многу мртви, меѓу кои жени и деца и работници на ОН“, изјавил Бан во изјавата дадена во Њујорк, пренесува Гардијан.

Бан додал и дека е „ужасен“ од нападот, „чии околности сѐ уште не се сосема јасни“. Тој уште еднаш ги повикал „завојуваните страни да ги почитуваат обврските според меѓународното хуманитарно право, да ги почитуваат цивилите, неповредливоста на ОН и обврските кон хуманитарните работници“.

САД се „тажни“ поради бомбардирањето на училиштето на ОН во Газа, каде што загинале најмалку 15 луѓе.

„Длабоко сме натажени и загрижени поради трагичниот настан“, изјавила портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки во Каиро, каде што генералниот секретар Џон Кери се обидува со преговори да постигне прекин на огнот.

„Повторно ги повикуваме сите страни да ги удвојат напорите за спасување на цивилите“, додала таа.

Псаки не го обвинила Израел директно за нападот, а во коментарот за Хамас, палестинското терористичко движење што ја контролора Газа, го осудила за чување оружје во зградите на ОН.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе