Во Израел укината обврската да се носи маска на отворено (ФОТО+ВИДЕО)

Израелците веќе не мора да носат заштитни маски на отворено, што е уште еден знак дека поминал врвот на епидемијата, по интензивната вакцинација во земјата.

Фото: ЕПА
 

На улиците утрово минувачите претежно беа без маски.

Во затворени простории каде што жителите доаѓаат во контакт со луѓе надвор од сопственото домаќинство, потребно е да се носат маски, но експертите сметаат дека за еден месец и оваа обврска може да биде укината по падот на бројот на заразените во земјата.

Во неделата, првпат по една година, повеќето училишта беа отворени, а маските се задолжителни во училниците.

Благодарение на брзата вакцинација, бројот на заразени со ковид-19 се намали. Бројот на сериозно болни пациенти е 200, додека на крајот на јануари имало 1.200.

Околу 5,3 милиони луѓе од вкупно 9 милиони примија барем една доза од вакцината на Фајзер/Бионтек. Скоро 5 милиони луѓе примија две дози.

Сепак, вакцинирањето сега стагнира и сè уште има околу 1 милион невакцинирани Израелци на возраст над 16 години.

Експертите предупредуваат дека земјата сè уште не успеала да постигне колективен имунитет.

Израел во мај би можел да почне со вакцинирање деца на возраст од 12 до 15 години, соопштија тамошните здравствени власти откако Фајзер и Бионтек објавија дека нивната вакцина против ковид-19 е стопроцентно ефикасна за таа возраст.

Вакцината на американски Фајзер и германски Бионтек беше прва одобрена на Запад кон крајот на 2020 година, а во Израел и во други земји се користи за лица над 16 години.

Студијата во која беа вклучени 1,2 милиони луѓе во Израел, каде што повеќе од половина од 9,2-те милиони жители примија две дози, покажа дека вакцината на двете компании е ефикасна 94 проценти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе