Вакцинирани околу 2,5 милиони жители

Во Израел почна вакцинација на тинејџери од 16 до 18 години

Во Израел денес почна вакцинацијата на тинејџери, откако четвртина од 9,3 милиони жители веќе се имунизирани, пренесуваат израелските медиуми.

Фото: ЕПА

Од почетокот на масовната кампања за вакцинација, пред нешто повеќе од еден месец, вакцинирани се околу 2,5 милиони жители, објави Министерството за здравство на Израел.

Кампањата се прошири на средношколци од 11. и 12. одделение неколку дена откако до крајот на овој месец беа продолжени третите рестрикции низ целата земја поради наглиот скок на бројот на заразени.

Беше планирано мерките да бидат укинати во четвртокот вечерта, но израелските министри се согласија тие да траат подолго, иако бројот на новозаболените лица за 24 часа полека се намалува.

Во меѓувреме, се преземаат некои нови мерки за запирање на инфекцијата, вклучително и зголемување на казните за оние што не ги почитуваат ограничувањата.

Денес, Министерството за здравство објави дека во претходните 24 часа се потврдени повеќе од 7.300 нови случаи на инфекција, а минатата недела тој број достигна 10.100 за само еден ден.

Вкупниот број на лица заразени со новиот вирус во Израел надмина 593.000 од почетокот на пандемијата, а повеќе од 4.300 луѓе починаа како резултат на ковид-19.

За да бидат вакцинирани тинејџерите, тие мора да имаат дозвола од своите родители, а тоа ќе им овозможи да се вратат на училиште, пренесуваат израелските медиуми.

Во Израел прво се вакцинираа здравствените работници, потоа постарите, болните и оние што спаѓаат во ризичните групи.

Од денес, исто така, може да се вакцинираат лицата на возраст од 40 години и постари.

Во таа земја 900.000 луѓе веќе ја примија втората доза на вакцината затоа што беа обезбедени големи залихи на вакцините Фајзер / Бионтек врз основа на ветување дека ќе ги споделат податоците за вакцинацијата со американскиот и германскиот фармацевтски гигант.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оваа недела изјави дека брзата вакцинација ќе овозможи да се надмине коронавирусот, да се излезе од пандемијата, да се покрене економијата и да се врати животот во нормала.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе