Коронавирус

Во Италија во еден ден умреа 793 луѓе, само во Ломбардија 546 мртви

Италија доживеа уште еден тежок ден во однос на смртните случаи од коронавирус.

Во еден ден умреа 793 луѓе. Вкупниот број на смртни случаи во Италија е 4.825. Исто така, има и 6.557 нови случаи на зараза.

Само Ломбардија забележа 546 смртни случаи заразени со коронавирус. Со овие податоци, бројот на починати во тој италијански регион скокна на три илјади. Вкупниот број починати во Италија е 4.825.

Џулио Галера, советник за социјална помош во Ломбардија, ја потврди оваа информација.

„Во регионот има 3.095 смртни случаи, со зголемување од 546, што е секако број кој најмногу нè боли“, рече Галера. Бројките за остатокот од Италија ќе бидат објавени наскоро.

Во петокот вечер, бројот на починати во Италија од корна беше 4.031, највисок во светот.

Скоро милијарда луѓе ширум светот се ограничени да останат во своите домови за да се ограничи коронавирусот, кој досега однесе повеќе од 11.000 животи, при што САД ја следат Европа и воведоа строги мерки врзани за ограничување на движењето на луѓето.

Пандемијата на коронавирус целосно го наруши животот на луѓето низ целиот свет со ограничување на движењето, затворање на училиштата и универзитетите и забрана за јавно собирање, а милиони се принудени да работат од дома.

Бројот на починати го надмина 11.000, од кои 4.000 во Италија, каде бројот на загинати во текот на изминатата недела нагло се зголеми.

Се проценува дека околу 900 милиони луѓе се затворени во своите домови во 135 земји, вклучувајќи 600 милиони луѓе кои треба да ги следат наредбите на своите влади за целосно затворање на своите земји.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе