Во Италија се шири движење против Салвини наречено Сардини (ФОТО)

Десничарскиот водач Матео Салвини, чијашто политичка поддршка во Италија расте, е погоден од протестно движење познато како Сардини.

Движењето е основано во Болоња минатата недела кога четворица пријатели ги повикаа луѓето да протестираат против Салвиниевата Лига, чија популарност расте воочи изборите во регионот Емилија-Ромања.

Салвини настојува да ја предводи воскреснатата десница до својата прва победа во регионот на 26 јануари. Ако левицата ја изгуби моќта во овој богат регион, ќе треба да ја распушти централната влада и да го отвори патот кон национални избори, смета Салвини.

На протестот во четвртокот им се придружија меѓу 12.000 и 15.000 луѓе кои се стиснаа како сардини на главниот плоштад во Болоња за да го осудат Салвини за неговата антиимигрантска реторика.

„На оние кои најгласно викаат, ние им одговараме со молкот на рибата, стиснати едни до други. Нас не има повеќе од нив“, рече 32-годишниот Матија Сантори, организатор на протестот.

Анкетите покажуваат дека регионот Емилија-Ромања, која традиционално го држи левицата, може да падне под власта на Лига и десничарските сојузници по успехот на десницата на другите регионални избори, особено на оние во централна Умбрија минатиот месец.

Според анкетите, десницата би триумфирала и на националните избори, со Лига како најпопуларна италијанска партија.

Охрабрени со неочекуваниот успех на протестот во Болоња, тие во понеделникот повикаа на нов протест во Модена, каде 7.000 луѓе во тишина му пркосеа на силниот дожд.

Користејќи го тагот „сардини“ на социјалните мрежи, протести се најавени и низ целиот регион, во сабота во Реџо Емилија и во недела во Римини.

Движењето почна да се шири и надвор од регионот Емилија-Ромања, па протести се најавени и во тосканска Фиренца, главниот град на Ломбардија Милано и Палермо на Сицилија.

Салвини ја обвини централнолевичарската Демократска партија (ПД) дека стои зад движењето.

„Загребете ја сардината и ќе најдете член на ПД“, напиша Салвини на Твитер.

Организаторите на протестот ги отфрлаат обвинувањата на Салвини, тврдејќи дека сакаат да им се спротивстават на популистите кои се засилуваат во Италија по децении економска стагнација и кратења на платите.

Владејачката ПД и коалициониот партнер Движењето Пет Ѕвезди се држи на дистанца, иако ПД ги поздрави протестите.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе