Вчера зголемен број починати

Во Италија се намалува бројот на новозаболените, се зголемува бројот на оздравените

Италија вчера пријави зголемување на смртноста од коронавирусот, односно починале 743 лица, но веќе трет ден по ред бројот на нови пациенти опаѓа.

Споредено со завчерашниот ден, во Италија вчера се потврдени 3.612 случаи. Досега се излечиле вкупно 8.326, или 894 повеќе од вчера.

Од избувнувањето на епидемијата на коронавирус во земјата се регистрирани вкупно 69.176 заразени лица, а во моментов има 54.030 регистрирани заразени лица.

До денес, 6.820 луѓе починале од коронавирусот.

Владата донесе построги казни за оние што ја прекршуваат патната забрана, вклучително и казни до 4.000 евра.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе