Коронавирус

Во Италија рекорден број нови починати: 627 во еден ден

Бројот на починатите од ковид-19 во Италија нагло се зголеми, од болеста преку ноќ починаа 627 пациенти. Ова зголемување е далеку најголем дневен пораст откако вирусот првпат се појави во земјата пред повеќе од еден месец.

Остриот пораст на бројот на починатите од коронавирусот меѓу четвртокот и петокот е зголемување од нешто повеќе од 18 проценти и до денес бројката од 4.032.

Последниот рекорден пораст Италија го имаше во средата, кога беа пријавени 475 новопочинати, а само еден ден подоцна ја претекна Кина како земја што регистрирала најмногу смртни случаи од вирусот.

Од петок, Италија сега има повеќе од 47.000 заразени со ковид-19, а скоро 2.600 од нив се во критична состојба. Капацитетите за интензивна нега во Италија брзо се преполнуваат, а многу здравствени работници во најтешко погодените северни провинции ја вршат тешката задача да одберат кој од пациентите ќе легне на тие кревети за интензивна нега.

Во северната провинција Ломбардија е распоредена италијанската војска за спроведување на строгите мерки за карантин. Војниците веќе се видени како помагаат во регионот.

На шокантните снимки што брзо се раширија неделава видовме како конвој од воени камиони ги изнесува ковчезите од Бергамо, бидејќи локалните погребни претпријатија не можат да постигнат да ги погребат сите починати.

Додека бројките на заразени и на починати продолжуваат да беснеат, владата на покраината побара од Рим да спроведе построги ограничувања за патувањата што не се неопходни.

На глобално ниво, во моментов се регистрирани 266.179 заразени од вирусот, а починале 11.186.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе