Во Италија пораст на бројот на мртви и новозаразени за 24 часа

Италијанската цивилна заштита во вторникот објави дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 162 смртни случаи, што е значително зголемување од 99 ден претходно, а пораст се бележи и во однос на бројот новозаразени, од 451 во понеделникот на 813.

Фото: ЕПА

Од избувнувањето на епидемијата на 21 февруари во Италија од коронавирус починале 32.169 лица, при што повеќе смртни случаи потврдени се само во САД и Велика Британија.

Коронавирусот е потврден кај 226.699 Италијанци, а повеќе заразени од Италија имаат САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил.

Во моментов во Италија има 65.129 активни случаи, што е намалување во однос на 66.553 од претходниот ден.

На интензивна нега се наоѓаат 716 лица, додека на интензивна нега во понеделникот биле 749 пациенти.

Вкупно 129.401 луѓе се излечиле од коронавирусот.

Цивилната заштита објави дека во земјата со население од 60 милиони жители, тестирани се два милиони луѓе.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе