Меѓу нив има сенатор, пратеници, бизнисмени

Во Италија почнува најголемото судење на мафијата во последните три децении, обвинети се 355 лица

Најголемото судење на мафијата во последните три децении почнува денес, 13 јануари, а 900 сведоци ќе сведочат против 355 луѓе, вклучувајќи политичари и функционери обвинети дека се членови на моќната Ндрангета.

EPA-EFE

Поради ограничувањата поврзани со коронавирусот многу обвинети на првите рочишта ќе присуствуваат преку видеоврска од затвор. Тие во судницата ќе носат маски и ќе ја почитуваат дистанцата седејќи најмалку два метри еден од друг.

Речиси сите обвинети се уапсени во декември 2019 година по долготрајна истрага која почнала во 2016 година и опфатила најмалку 11 италијански региони. Околу 2.500 полицајци учествувале во акции насочени против осомничените во Вибо Валентија во Калабрија, срцето на областа која главно ја контролирал кланот Макузо од Ндрангета, пишува Франс прес.

Поранешен сенатор, шеф на полиција, локални пратеници и бизнисмени обвинети за помагање на мафијата се уапсени во Германија, Швајцарија и Бугарија. Никола Гратери, обвинителот кој ја водел истрагата, кажа во времето на рациите дека тоа била најголемата операција против криминалните групи од судењето во Палермо од 1986 до 1992, кога сицилијанските обвинители ставија 475 луѓе на обвинителната клупа. За претстојното судење тимот на Гратери собрал 24.000 прислушувани разговори за да ги поддржи обвиненијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе