Во Италија падна историски дожд, соборен европскиот рекорд

Во Италија, вчера падна рекорден дожд за време на силна бура со што е соборен европскиот рекорд за количина на дожд падната за 12 часа.

Screenshot

Сателитска слика што ја покажува количината врнежи над Италија во последните 36 часа ја објави на Твитер шкотскиот метеоролог Скот Данкан.

„Италија ... нов европски рекорд. Неверојатни 740,66 милиметри дожд за само 12 часа“, напиша Данкан.

„Италија постави нов национален рекорд за врнежи од дожд за шест часа, а потоа го собори и европскиот рекорд за период од 12 часа. Ова е сателитска снимка за последните 36 часа“, напиша метеорологот.

Во градот Росиглион, недалеку од Џенова, во понеделникот и вторникот, во период од 12 часа наврнале 741,68 мм дожд, што е речиси 60% од вкупната количина дожд што паѓа во тој град за една година.

Во период од 48 часа во Италија се регистрирани неверојатни половина милион грмежи.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе