Во Италија од денеска на сила построги мерки, на невакцинираните ќе им го згорчат животот

Во Италија денеска стапија на сила построги мерки против коронавирусот, кои ќе ги исклучат ниневакцинираните лица од многу јавни активности, па тие нема да можат да го користат ни јавниот превоз без ковид-потврди.

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Од денеска, само оние кои се вакцинирани или преболеле ковид-19 можат да јадат во ресторани, да одат во кино, да излегуваат во клубови и да гледаат фудбалски натпревари на стадионите.

Владата на премиерот Марио Драги донесе нови правила кон крајот на ноември и ќе останат на сила до 15 јануари.

Правилата важат и за користење на јавниот превоз и хотелско сместување. На пример, досега, патниците кои патувале со воз на подолга релација морале да покажат дека се вакцинирани, дека го преболеле ковид-19 или имаат негативен тест на коронавирус.

Од понеделник зелена потврда ќе биде потребна за возење со метро, автобуси и меѓуградски возови.

Мерките не се однесуваат на деца до 12 години бидејќи тие сè уште не можат да се вакцинираат. Но, според владините планови, би можеле да се вакцинираат од 16 декември.

Италијанскиот медицински регулатор веќе ја одобри вакцината на Фајзер/Бионтек во помала количина за деца на возраст од пет до 11 години.

Од 15 декември ќе започне задолжителната вакцинација на училишниот персонал, полицајците и војниците. Вакцинацијата на вработените во здравствениот сектор е задолжителна од април.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе