Во Италија невакцинираните не можат во кина, теретани, хотели...

Италија вчера ги заостри мерките против тие што не сакаат да се вакцинираат против ковид, па им го ограничи пристапот до многубројните сервиси, додека владата ги обврза на вакцинација големиот број државни службеници.

Фото: ЕПА

Со владината уредба, од 15 декември тие што не се вакцинирани нема да можат да влезат во кината, рестораните, хотелите и теретаните, додека секој што користи јавен превоз ќе мора од 6 декември да биде вакциниран или да има негативен ПЦР-тест, пренесе Ројтерс.

Мерките ќе потраат најмалку до 15 јануари.

Владата исто така ја прошири задолжителната вакцинација на комплетниот училиштен персонал, полицијата, војската, додека здравствените работници, за кои вакцинацијата веќе е задолжителна, ќе мора да добијат бустер-доза доколку сакаат да ги задржат работните места.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе