Ја надмина Кина и по бројот на заразени

Во Италија најлош ден од почетокот на епидемијата, вчера 919 починати!

Италија стана најпогодената нација од коронавирусот во светот. Стапката на смртност денеска е највисока од почетокот на епидемијата.

Италија го доживеа своето најлошо деноноќие откако почна катастрофалната епидемија на коронавирус во земјата. Во последните 24 часа се регистрирани 919 смртни случаи во земјата - највисоката дневна бројка од почетокот на пандемијата.

Со досега највисокиот еднодневен скок во бројот на жртвите вкупната бројка во Италија дојде на 9.134, број што одамна го надмина оригиналниот епицентар на епидемијата во Кина.

Италија до денеска има 86.498 потврдени случаи, надминувајќи го и кинескиот број на заразени, бидејќи Пекинг повеќе не регистрира случаи на новозаразени од коронавирусот.

Иако дневните бројки на смртни случаи во земјата неколку дена паѓаа, денешниов број покажува дека во Италија нималку не се подобрува состојбата со катастрофалната епидемија, која ги преплави болниците, активира карантини на национално ниво и ги исцрпе националните ресурси.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе