Мртвиот цицач во водите на популарната туристичка дестинација Соренто го забележале нуркачи кои прво биле предупредени на присуството на помал кит кој во меѓувреме заминал.
Крајбрежната стража јави дека во вторникот ноќта го извлекла китот и го превезла во пристаништето Наполи каде ќе го анализираат морски биолози и други експерти за да ја утврдат причината за угинувањето.