На островот Стромболи

Во Италија еруптираше вулкан, туристи скокале во морето (ФОТО+ВИДЕО)

На италијанскиот остров Стромболи се случи ерупција на вулкан, јави италијанскиот државен институт за геофизика.

Во соопштението се наведува дека вулканот почнал да исфрла пепел.

Италијанската новинаска агенција Анса јави дека туристи скокале во море, исплашени од неочекуваната експлозија на малиот медитерански остров.

 

На островот Стромболи во текот на педесеттите години на минатиот век беше сниман филм во кој глумеше Ингрид Бергман, а во последните неколку децении, заедно со останатите Еолски Острови, стана омилена локација за изградба на викендици за богатите и славни личности.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе