Во Италија денеска парламентарни избори, лидерката на десницата фаворит

Во Италија денеска се одржуваат парламентарни избори, кои би можеле да донесат победа на десничарската коалиција и првата жена на чело на италијанската влада.

Фото: ЕПА

Меѓу главните кандидати се издвојуваат многу имиња, од трикратниот премиер Силвио Берлускони до опозиционата лидерка на екстремната десница Џорџа Мелони, која е во водство според анкетите на јавното мислење, јавува Би-би-си.

Нејзината партија Браќа од Италија, која бележи метеорски подем на популарноста од изборите во 2018 година, кога освои нешто повеќе од четири отсто од гласовите, е дел од десничарскиот сојуз што ги вклучува и Лига, предводена од Матео Салвини, Форца Италија на Силвио Берлускони и уште еден помал коалициски партнер.

Поранешниот премиер Берлускони, кој основаше своја партија и ја нарече Форца Италија по навивањето на фудбалските стадиони, со 86 години, колку што ќе наполни за неколку дена, а со опаѓање на популарноста на партијата во последните години, не сака да освои четврти мандат, но се надева на место во Сенатот.

Тој вети дека ќе изврши умерено влијание врз двете најголеми партии во десничарскиот сојуз, партијата Браќа од Италија на Џорџа Мелони и Лига на Салвини.

Победата на Браќа од Италија на изборите може да доведе до тоа Мелони да стане првата жена премиер на Италија.

Таа, исто така, ќе биде првиот лидер на екстремната десница на власт откако Бенито Мусолини дојде на власт во Италија пред 100 години.

Нивниот главен изборен ривал е поранешниот премиер Енрико Лета, 56-годишниот лидер на Демократската партија, главната централно-левичарска сила во Италија.

Предвремените избори доаѓаат по оставката на премиерот Марио Драги во јули, откако тој не успеа да ја обедини распаднатата политичка коалиција, а аналитичарите велат дека друга причина за порастот на популарноста на Мелони е нејзината одлука да не учествува во широката коалиција на Драги.

На крајот на кампањата во Италија доминираа расправии за Европската Унија и војната на Русија во Украина, но гласачите најмногу ги загрижува зголемувањето на цената на енергенсите, во време кога владата на национално единство во заминување на Драги вети 66 милијарди евра како помош за италијанските граѓани, вели Би-би-си.

Политиката што ја нуди Џорџа Мелони е конзервативна, нејзината партија се противи на геј-браковите и ги промовира традиционалните семејни вредности.

Кога станува збор за Европа, партијата Браќа од Италија се откажа од своето противење на еврото, но е за реформирање на Европската Унија за да биде помалку бирократска и помалку влијателна врз домашната политика.

Мелони, исто така, тврди дека ја ослободила партијата од фашистичките елементи и дека италијанската десница „веќе со децении ѝ го има предадено фашизмот на историјата“.

Нејзиниот главен ривал, лидерот на левиот центар Лето, го започна својот предизборен митинг во петокот во Рим со звуците на старата воена антифашистичка песна „Бела Чао“.

Меѓу повлијателните политички актери е и Движењето пет ѕвезди, предводено од поранешниот премиер Џузепе Конте, кое достигна 14 проценти поддршка во времето на последното истражување на јавното мислење во почетокот на септември.

Преостанатите две партии за кои се очекува да учествуваат во формирањето на владата по изборите се екстремно десничарската Лига на Матео Салвини и Берлускони, а двајцата лидери ги поврзува фактот што во последно време имаат блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин.

Салвини ги помина последните часови од својата изборна кампања обвинувајќи ја Европската комисија за мешање во изборната трка.

Тој ја нарече „срамна ароганција“ изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен дека Европа има „алатки“ да одговори доколку Италија избере националистички курс како Унгарија и Полска.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе