Во Истра фатена и вратена во морето ретка ајкула (ФОТО)

Рибари од Пула фатиле редок вид ајкула склат (Squtina squatina), за која се претпоставува дека во Јадранското Море ги има само десет.

EPA-EFE

Ајкулата, која се смета и за еден од најзагрозените видови во Јадранот, можеби и во Медитеранот, е фатена на 23 метри длабочина на ртот Камењак, во пулскиот аквариум, и е вратена во морето, пренесуваат хрватските медиуми.

Таа ајкула не претставува опасност по луѓето.

„Интересно е што има мали заби, остри како нож. На горната и долната вилица има исти заби, сосема исти. Но, не ги напаѓа луѓето, а ги има многу малку во морето“, изјави Милена Мичиќ од пулскиот Аквариум.

Znanstvenici upozoravaju da što prije treba započeti program obnove populacije. 👇

Posted by DNEVNIK.hr on Tuesday, May 4, 2021

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе