Во Истанбул уапсен член на ИСИС, соработник на Ал Багдади

Припадник на џихадистичката група Исламска држава, за кого се смета дека е близок со лидерот Абу Бакр ал Багдади, е уапсен во Истанбул, објавија денес локалните медиуми во Турција.

Фото: ЕПА

Полицијата уапсила припадник на Исламска држава, по потекло од Авганистан, кој има кодно име „Басим“. Бил уапсен во азискиот дел на Истанбул.

Ал Багдади беше убиен во 2019 година од американските специјалци со поддршка на Курдите во операција спроведена во провинцијата Идлиб, во северозападна Сирија.

Турските медиуми објавија дека Басим му помогнал на Ал Багдади да се скрие во Идлиб и дека тој бил и одговорен за воениот разгранок на Исламска држава.

Басим во Истанбул дошол со фалсификувани лични документи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе