Во Истанбул наврна толку многу снег што низ градот може да се помине само на скии (ФОТО+ВИДЕО)

Истанбул е на удар на силна снежна бура која го блокираше аеродромот, еден од најпрометните во светот, додека во самиот град настана колапс поради големото количество снег на улиците. Десетици луѓе останале заробени во своите автомобили на температури под нулата.

EPA-EFE

Во некои делови на Истанбул паднале повеќе од 80 сантиметри снег, поради што од синоќа спасувачките и градските служби се на улиците.

На социјалните мрежи се објавени бројни снимки од завеаниот град и колапсот. На една од нив се гледа момче како со скии се движи низ завеана улица.

Летовите од аеродромот во Истанбул втор ден по ред се сопрени, а на приватните возила им е забрането излегување на градските улици.

Снимките од аеродромот, кој е меѓу најголемите во светот, покажуваат писти покриени со дебела снежна покривка со едвај видливи авиони и возила.

Аеродромот Истанбул на интернет објави дека летовите се сопрени до денес до 13:00 часот по локално време поради неповолни временски услови, а авиокомпанијата Туркиш ерлајнс соопшти вчера дека ги откажува сите летови од аеродромот.

Далеку на југот на Турција, снег падна на плажите на Анталија и тоа за првпат по 29 години.

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу изјави дека 55.000 тони сол се фрлени на патиштата и ги повика граѓаните да го исчистат снегот пред куќите и продавниците за да им помогнат на тимовите за итна помош.

Низ цела Турција околу 4.600 луѓе биле заробени на патиштата, а повеќе илјади луѓе се сместени во привремени сместувања, соопшти националната управа за катастрофи и вонредни ситуации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе