Во Ирска, поради пандемијата е зголемен извозот на лекови и медицински производи

Ирскиот извоз на стоки се искачи на рекордни 160,8 милијарди евра во 2020 година, како последица на силната странска побарувачка за медицински и фармацевтски производи за време на пандемијата на коронавирусот.

EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

„Медицинските и фармацевтските производи учествуваа со 39 проценти во извозот на стоки во 2020 година, со зголемвање на вредноста на извозот за четвртина во однос на 2019 година“, покажаа во понеделникот проценките на ирскиот Завод за статистика.

Другите поголеми извозни сектори забележале пад на продажбата во странство како резултат на ширењето на коронавирусот и ограничувањата наметнати од владите на клучните увознички во борбата против него.

Извозот на храна и живи животни опадна за два проценти, додека извозот на производи од преработувачката индустрија, машини и опрема за транспорт опаднал за околу осум проценти.

Расчекорот веројатно може да се припише на „концентрацијата на ирскиот извоз во сектори отпорни на заклучување“, според толкувањето на ирскиот Институт за економски и социјални истражувања (ЕСРИ) наведе новинската агенција ДПА.

Ирскиот извоз во другите земји на ЕУ минатата година порасна за 13 проценти, а учеството на ЕУ во вкупниот ирски извоз на 40 проценти. Во 2019 година, изнесувал 27 проценти, според извештајот на заводот за статистика.

Извозот во Велика Британија падна за девет проценти, со што учеството на Велика Британија во ирскиот извоз падна на осум проценти.

Откако Велика Британија ја напушти ЕУ, ирскиот извоз сè помалку минува низ Велика Британија, избирајќи директни патишта кон континентална Европа. Некои траектни превозници двојно ги зголемија врските меѓу Ирска и Франција.

САД минатата година биле главна дестинација за ирскиот извоз, со исклучок на ЕУ, со учество во вкупниот извоз од 31 процент. Податоците покажуваат значително присуство на американски компании во Ирска, вклучително и фармацевтски гиганти, додава ДПА.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе