Во Иран, први апсења поради рушењето на украинскиот авион

Иран соопшти дека државните власти привеле неколку лица поради поврзаност со случајното рушење на украинскиот патнички авион.

Голамхосин Есмаили, портпарол на иранскиот суд, пред новинарите изјави дека апсењата се дел од тековната истрага за инцидентот, но не изнесе други детали, наведе Би-би-си.

Претседателот Хасан Рохани неодамна изјави дека истрагата ќе ја надгледува „специјален суд“ и истакна дека за овој „трагичен настан“ не треба да се обвинува само поединецот кој „го повлекол чкрапалото“.

„Иранските вооружени сили ја признаја својата грешка, што е прв чекор. Сега треба да ги увериме луѓето дека тоа нема да се повтори“, додаде Рохани.

Украинскиот авион се урна минатата среда во близина на аеродромот во Техеран, при што загинаа 176 патници и членови на екипажот. Жртвите претежно биле ирански и канадски државјани.

Првите три дена по несреќата, Иран негираше дека неговите вооружени сили го срушиле авионот и сугерираше дека несреќата се случила поради технички дефект.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе