Во Ирак убиени 13 Турци, Анкара бара реакција од Американците

Турција го повика амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Анкара за да протестира против преслабата американска реакција на смртта на 13 Турци кои во Ирак биле заробени од страна на припадници на Работничката партија на Курдистан (ПКК), соопшти турското министерство за надворешни работи.

EPA-EFE

„Американскиот амбасадор Дејвид Сатерфилд беше повикан во министерството за надворешни работи и најостро му беше укажано на американската реакција“, наведе министерството.

Американскиот Стејт департмент во неделата соопшти дека жали поради тие убиства.

„Ако бидат потврдени информациите за смртта на турските цивили од рацете на терористичката организација ПКК, најостро ги осудуваме тие акции“, беше наведено.

Турските провладини медиуми ја критикуваа „бедната американска реакција“, а извор во министерството за надворешни работи на Турција кажа дека таа формулација, ако се потврди, фрла сомнеж врз вистинитоста на тврдењата на Анкара.

ПКК призна дека биле убиени неколку заробеници, но ги негираше тврдењата на Анката и истакна дека биле убиени во турските воздушни напади.

Претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини САД дека „ги поддржуваат курдските терористи“ и оцени дека американската реакција на смртта на турските цивили е бедна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе