Во Ирак бројот на заразените порасна за 600 отсто, мртвите се погребуваат во групи (ВИДЕО)

Во Ирак во јуни е забележан скок од 600 отсто на случаите на зараза со коронавирусот.

EPA-EFE

На најголемите ирачки гробишта се закопуваат 70 до 80 тела на жртви на ден, а се очекува таа бројка дополнително да расте бидејќи здравствената структура на таа земја со децении ја уништуваа војни, санкции и корупција.

На Јусеф Х. од зараза со ковид-19 му умреле родителите и сестрата.

„Го потценија вирусот. Не знаеја како да се заштитат. Сега сме преплашени и 100 отсто уверени дека коронавирусот е сериозна болест“, кажа Јусеф за Си-ен-ен.

Погребувањата на умрените од ковид-19 на најголемите ирачки гробишта се одвиваат во текот на ноќта, кога ќе попушти жештината. На погребот не присуствува семејството и последните молитви за умрените ги испраќаат непознати луѓе – ирачките војници.

Медицинските работници предупредуваат на појавата на коронавирусот меѓу персоналот во болниците.

„Бев со своето семејство кога шефот на болницата ми се јави и ми кажа дека сум позитивен на вирусот. Тоа е моментот кога се поздравувате со семејството, со своите деца, и не знаете дали ќе им се вратите“, вели анестезиологот Ала Хусеин ал Талакани.

„Дојде до пораст на заразените во нашата земја бидејќи властите не воведоа вистински мерки за заштита и затоа што прерано ги отворија пазарите и дуќаните“, додава тој.

Во Ирак досега се забележани над 62.000 случаи на зараза со коронавирусот, а умреа најмалку 2.500 луѓе. Во последните 24 часа во таа земја од вирусот умреа 94 лица.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе