Порака на унгарскиот шеф на дипломатијата

„Во интерес на ЕУ е Црна Гора и Србија да се придружат пред 2025“

Во економски и безбедносен интерес на Европската Унија е Црна Гора и Србија да се придружат на ЕУ пред 2025 година, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто со оценка дека двете земји се „практично спремни за пристапување“.

Сијарто на дводневниот Безбедносен форум кој вчера заврши во Варшава подвлече дека Црна Гора и Белград се практично спремни за пристапување и дека интеграцијата на западниот Балкан е „во политички, економски и безбедносен интерес на ЕУ“, пренесе Еуроактив.

Сите земји членки, вклучувајќи ја и Унгарија, би имале економска корист од вклучувањето на шесте земји од западниот Балкан во европскиот простор на слободна трговија, бидејќи ЕУ им е главниот трговски партнер на секоја од нив, истакна Сијарто.

Според него, од безбедносен аспект, колку повеќе се протега надворешната граница на ЕУ кон југ, толку се подобри шансите за сопирање на нелегалните текови на емиграцијата.

„Не го делиме моменталниот став на Европската комисија дека до 2025 година нема да има проширување, тоа би требало да се случи многу порано“, кажа Сијарто.

На Унгарија ресорот за проширување и соседство ѝ го понуди претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, но Европскиот парламент ја одби кандидатурата на Ласло Тројчани. Унгарија предложи друг кандидат Оливер Вархели.

Проширувањето е еден од приоритетите на Унгарија, а непосреден сосед ѝ е западниот Балкан, особено Србија. Будимпешта исто така сака Романија, Бугарија и Хрватска да влезат во Шенгенскиот простор.

И покрај уверувањето на Урсула фон дер Лајен дека политиката на соседство и односите на ЕУ со западниот Балкан ќе имаат висок приоритет во следниот мандат на Комисијата, земјите членки како Франција и Холандија јасно укажаа дека нема да прифатат нови членки во догледна иднина, наведува Еуроактив.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе