Во Индија за еден ден скоро 4.000 мртви од ковид, СЗО загрижена

Индија денес пријави мало зголемување на дневниот број на инфекции со коронавирусот, но бројот на починатите сè уште е близу до границата од 4.000.

Фото: ЕПА

Во текот на изминатите 24 часа Индија регистрираше 326.098 новозаразени со коронавирусот, што е најмал пораст за скоро три недели, и 3.890 смртни случаи. Вкупно 24,37 милиони заразени лица се пријавени во земјата.

Сепак, бавниот раст може да е одраз на пониските стапки на тестирање, кои се најниски од 9 мај.

Шефот на Светската здравствена организација со седиште во Женева изјави дека втората година од пандемијата ќе биде поубиствена од првата, со голема загриженост за Индија.

Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди на ова на виртуелниот состанок во петокот, откако индискиот премиер Нарендра Моди ја предупреди јавноста за брзото ширење на болеста во земјата.

Во текот на изминатата недела, Индија регистрираше околу 1,7 милиони новозаразени и повеќе од 20.000 смртни случаи од ковид-19. Според Министерството за здравство, вкупно 266.207 лица починале од ковид-19.

Бројот на заразени постојано се намалува во државите погодени од првичниот пораст, како што се најбогатата држава Махараштра и северната држава Делхи, по воведувањето строг карантин.

Но источната држава Западен Бенгал, каде што неодамна се одржаа избори, регистрира најголемо еднодневно зголемување на бројот на заразените, што сугерира дека падот на вкупниот број случаи може да потрае.

Во западната држава Гуџарат, од која потекнува Моди, бројот на заразените по четири последователни недели падна под 10.000, но официјалните лица предупредија дека не треба да се ублажуваат мерките сѐ додека бројот на заразените не падне на нивото на претходниот бран во Индија, во средината на февруари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе