со коронавирусот

Во Индија рекордни 200.000 новозаразени за еден ден

Индија регистрира рекордни 200.739 случаи на зараза со коронавирусот во претходните 24 часа, објави Министерството за здравство.

Фото: ЕПА

Бројот на смртните случаи од ковид-19 е зголемен за 1.038, а вкупниот број сега е 173.123.

Вкупниот број на заразени достигна 14,1 милиони, што ја прави Индија втора во светот, зад Соединетите Држави, кои имаат 31,4 милиони случаи.

Индија завчера ја одобри руската вакцина Спутник V против ковид-19, објави големата локална фармацевтска компанија во таа земја со 1,3 милијарда жители.

Третата вакцина против коронавирусот е одобрена за употреба во Индија во екот на смртоносниот втор бран на инфекции.

Земјата досега примени повеќе од 100 милиони дози од две одобрени вакцини - Ковишилд и Коваксин.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе