Морска месечина

Во хрватскиот Јадран забележана опасна медуза

Во заливот Велика Колумбарица на полуостровот Камењак на хрватскиот Јадран е забележана медузата морска месечина (Pelagia noctiluca), која во контакт со луѓе остава повреди слични на изгореници, кои тешко се лекуваат и се болни, соопшти здружението Еко море Медулин, пренесе порталот Отворено море.

Фото: Пиксабеј

На местото на повредата останува депигментација на кожата или дури и лузна.

Станува збор за релативно мала медуза со полукружен клобук и розови точкички.

Расте до 20 см во должина, живее под површината на длабочина од 0 до 10 м, каде што лебди и повремено плива.

Појавата на оваа медуза, велат од здружението, не е причина да не се плива во морето, но даваат цел список на совети и препораки што да направите во случај да наидете на „месечината“.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе