Во замрзнувач

Во Хрватска најдено тело на жена што исчезнала пред 19 години (ВИДЕО)

Началникот на хрватската полиција на Меѓумурје Иван Сокач изјави дека во замрзнувач во семејна куќа во градот Паловец било најдено тело на женско лице. Полицијата се сомнева дека станува збор за жена родена во 1977 година, која не е видена уште од 2000 година.

Полицијата соопшти дека поради сомнеж дека го извршила убиството е уапсена 45-годишна жена, а хрватските медиуми неофицијално пренесуваат дека станува збор за 45-годишната сестра на исчезнатата девојка.

Сокач изјави дека вчера полицијата добила информација од општинскиот завод за итна медицина дека во семејна куќа во Паловец било најдено тело на непознато лице.

Телото било пренесено во одделот за патологија на болницата во Чаковец, каде ќе биде извршена обдукцијата.

Иако се сомнева дека станува збор за телото на Јасмина Доминиќ, чие исчезнување било пријавено во 2005, а не е видена од 2000 година, тоа не може да биде официјално потврдено до конечните наоди на обдукцијата.

Полицијата соопшти дека не може да потврди дека е уапсена сестрата на жртвата.

„Телото е во таква состојба каква што е. Што да ви кажам, замрзнувачот сѐ уште не е стопен и идентитетот сѐ уште не е утврден“, истакна Сокач.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе