Јутарњи лист

Во Хрватска ќе се воведуваат нови, построги мерки пред 31 јули

Во Хрватска новите, построги мерки против ширењето на коронавирусот би можеле да стапат на сила и пред 31 јули, до кога важат актуелните во борбата против пандемијата, пишува Јутарњи лист.

EPA-EFE

Повикувајќи се на извори блиски до Националниот штаб, весникот пишува дека новите мерки се подготвуваат, дека не се знае на што конкретно би се однесувале, а не се исклучува можноста тоа да бидат собирањата, кои се сметаат за најризични за пренесувањето на вирусот.

Откако пред неколку дена целиот брег беше ставен во портокалово, што е своевидно предупредување, Националниот штаб по сè изгледа решил да тргне во насока на заострување за сезоната да трае што подолго.

Очекуваат во Хрватска да влезат повеќе туристи отколку што има домашно население па, пишува Јутарњи, нереално е да се очекува дека некој од нив нема да биде заразен.

Планот е да се обидат да спречат големи жаришта, бидејќи тоа речиси по автоматизам би довело до ставање на Хрватска во црвено со што би станала епидемиолошки непожелна дестинација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе