„Слободата не може да биде без некои ограничувања“

Во Холандија ковид пропусницата е задолжителна за влегување во тоалетите на баровите

Иако муштериите на холандските барови не се обврзани да покажат ковид пропусница за пијалак или јадење на тераса, сепак ќе мора да имаат таква пропусница ако одат во тоалет, соопшти денес холандското министерство за здравство.

EPA-EFE

Холандските власти минатата недела укинаа некои ограничувања во борбата против коронавирусот, меѓу кои укинување на држењето физичка дистанца, но најавија ковид пропусници за баровите, рестораните и фестивалите.

„Ако сакате да го користите тоалетот, ќе мора да го покажете својот код“, наведе министерството и потсети дека кјуар кодот кој потврдува дека лицето е вакцинирано е задолжителен за граѓаните почнувајќи од 13 години.

Меѓутоа, холандскиот премиер Марк Руте неодамна кажа дека не е добра идеја да се прави исклучок за муштериите кои седат на терасите на рестораните, бидејќи луѓето неизбежно ќе мора да влезат да платат сметка или да одат во тоалет.

„Владата сакаше ковид пропусницата да биде присутна секаде во хотелиерството“, изјави за Франс прес неименуван претставник на холандското министерство за здравство кој додаде дека тоа не треба да им пречи на луѓето кои сакаат повеќе слобода.

„Таа слобода не може да биде без некои ограничувања“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе