По речиси девет месеци во бегство

Во Грција уапсен заменик лидерот на екстремистичката Златна зора (ВИДЕО)

Избеганиот заменик лидер на грчката крајно десничарска партија Златна зора Христос Папас е префрлен во затвор, само неколку часа откако го уапсија припадници на антитерористичката единица на грчката полиција.

EPA-EFE

Папас, 59-годишниот поранешен пратеник, беше во бегство речиси девет месеци, исчезнувајќи пред да биде осуден на 13 години затвор поради учество во злосторничко здружување. Уапсен е доцна синоќа во еден стан во приземје во предградие на Атина, заедно со 52-годишна жена која е соочена со обвиненија за помагање на бегалец.

Полицијата го одведе Папас во затвор со максимално обезбедување во централна Грција по краткото појавување пред судот.

По петгодишното судење, судот пресуди дека партијата Златна зора е злосторничка организација, одговорна за убиството на грчкиот рапер Павлос Фисас во 2013 година, како и за претепување египетски рибари во 2012 и левичарски активисти во 2013.

Пред да избега, Папас беше пуштен од истражен притвор бидејќи истекоа 18 месеци колку што максимално можеше да биде задржан.

Адвокатот на Папас Перикле Ставријанакис им кажа на новинарите дека неговиот клиент бил уапсен при посета на станот и дека не се криел таму, не изнесувајќи повеќе детали.

Златна зора која на почетокот беше мала полутајна неонацистичка група формирана во 1980-тите, а потоа сосема маргинална партија, се крена за време на финансиската криза во Грција од 2010 до 2018 година, освојувајќи пратенички места на четири избори и по сила беше третата најголема грчка политичка партија.

„Грчката демократија се бореше да го исфрли овој отров, отровната Златна зора“, кажа портпаролката на грчката влада Аристотелија Пелони по апсењето на Папас.

Таа кажа дека со апсењето на Папас се гледа крајот на „приказната на злосторничката организација“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе