Полицијата соопшти дека 59-годишникот, чие име не се соопштува, бил уапсен откако влегол во земјата од Македонија, на пат кон летувалиште во северна Грција со сопругата и ќерката.
Уапсениот во Хрватска е обвинет за учество во акциите што доведоа до смрт на цивили од 19 август до 14 декември 1991 година во хрватските градови Вочин и Хум.
Тој изјавил дека бил припадник на југословенската војска, но негирал дека е виновен.
Тој ќе биде изведен пред јавниот обвинител во Солун, а тричлениот судски совет најверојатно следната недела ќе го разгледа барањето за екстрадиција во Хрватска.