Во Грција пристигнале најмногу емигранти во последните три години

Повеќе чамци со емигранти пристигнаа вчера на грчкиот остров Лезбос, што е прво такво масовно пристигнување на емигранти од соседна Турција во три години, соопштија властите, поради што Грција го повикала на разговор турскиот амбасадор.

Во 2015 година, на врвот на емигрантската криза, илјадници луѓе пристигнуваа секој ден на грчкиот брег. Нивниот број драматично се намали откако ЕУ и Анкара потпишаа договор во 2016 година за сопирање на мигрантскиот бран.

Од 56.000 емигранти и бегалци кои годинава пристигнале во Европа, речиси половина се истовариле на грчките острови, а таа бројка во последните месеци расте, покажуваат податоците на ОН.

На Лезбос во четвртокот пристигнаа 16 чамци со околу 650 луѓе, од кои 13 за помалку од еден час, според полицијата и УНХЦР. Тоа не се случило од 2016 година, соопшти портпаролот на УНХЦР во Грција.

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Денидас го повика денес на разговор турскиот амбасадор во Атина за да му го изрази „големото незадоволство на Грција“ поради тоа, соопштија дипломатски извори. Амбасадорот кажал дека Турција е предадена на договорот со ЕУ и дека нејзината политика не се сменила.

Во ЕУ во 2015 година пристигнаа над милион емигранти и бегалци, бегајќи од конфликтите и сиромаштијата на Блискиот Исток и во Африка. Главно пристигнуваа преку Турција.

Повеќето луѓе кои пристигнаа на Лезбос во четвртокот ќе бидат сместени во кампот Морија, најголемиот прифатен центар во Европа, во кој има речиси четири пати повеќе луѓе отколку што се предвидени за кампот. Условите за живот таму поради тоа се исклучително тешки.

Во Морија во моментов има повеќе од 10.000 луѓе. Грција на островите има пет прифатни центри и сите се пренатрупани.

Во нив има над 25.000 луѓе, најмногу во три години. Во секој има два до три пати повеќе луѓе отколку што дозволуваат капацитетите.

Грчката вчада најави дека ќе ја забрза процедурата на обработка на барањата за азил за да ја олесни ситуацијата.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе