Во Грција отворени факултетите и некои средни училишта

Во Грција се отворени факултетите и средните училишта во регионите кои се најмалку погодени од пандемијата на коронавирусот, по два и пол месеци строг карантин.

EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Во Атика и други црвени зони, во понеделникот се отворени само факултетите, но не и средните училишта, спротивно на она што првично го планирала владата.

Основните училишта и градинките се отворени од 11 јануари, по строгиот карантин воведен на 7 ноември.

Студентите мора да носат маски и да се придржуваат до другите епидемиолошки мерки.

Професорите и студентите постари од 16 години се повикани бесплатно да се тестираат.

Но, нивниот синдикат предупреди дека постои ризик повторно да се затворат факултетите, по неколку недели, бидејќи вирусот ќе почне повторно брзо да се шири. Синдикатот смета дека професорите треба приоритетно да се вакцинираат како и да се намали бројот на ученици и студенти во училниците.

Грција започна со вакцинацијата против ковид-19 на 27 декември.

Грција има 10,7 милиони жители, а досега од ковид-19 починале 5.796 лица, повеќето во вториот бран.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе