Во Грција на протест против вакцинирањето се судрија демонстранти и полицијата (ВИДЕО)

Грчката полиција со солзавец и водени топови во Атина ја разбрка толпата која протестираше против вакцинирањето против коронавирусот.

EPA-EFE

Околу 1.500 луѓе учествуваа во вчерашниот протест пред парламентот, втор пат за една недела, против грчкиот план за вакцинирање против коронавирусот. Протестот минатата среда привлече над 5.000 луѓе, дел од кои мавтаа со грчки знамиња и дрвени крстови.

Протестите ги поттикна одлуката на владата, донесена претходно во јули за задолжително вакцинирање на здравствените работници и вработените на домовите за стари лица. Владата изнесе предлог и други групи, како учителите, да мора да се вакцинираат на есен.

Во изминатите недели расте бројот на заразените во Грција, додека властите забележаа речиси 3.000 нови случаи во средата, поради што вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата се качи на 463.473, со над 12.800 смртни случаи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе