Во годините по терористичките напади на 11 септември ракот ги убива преживеаните

Жаклин Фебриле имала 26 години и работела во близина на Светскиот трговски центар во Њујорк, кога на 11 септември 2001 џихадисти ги урнаа „близначките“. Денес е една од илјадниците заболени од рак поради изложеноста на отровни материи по катастрофата.

По терористичките напади Фебриле, професионална синдикалистка, родила три деца, а во 2016 ѝ бил дијагностициран рак кој метастазирал. Токсичниот отпад и облакот пепел на кои била изложена на денот на катастрофата се единственото логично објаснување за нејзината болест.

Ричард Фарер, денес 37-годишник и од неодамна татко на дете, работел на Менхетн од 2001 до 2003. Пред 18 месеци му бил дијагностициран агресивен рак на дебелото црево кој главно напаѓа постари мажи, а самиот Фарер немал никакви предиспозиции за заболувањето.

Освен 3.000 лица убиени во самиот напад и повеќе од 6.000 ранети при уривањето на кулите на Светскиот трговски центар, градот Њујорк не престанува да ги брои новозаболените од карцином и други тешки болести, пред сѐ на белите дробови, а што е поврзано со токсичниот облак кој со недели лебдеше над јужниот дел на Менхетн.

Првите жртви беа десетици илјади пожарникари и волонтери кои ги расчистуваа урнатините на „близначките“. Студија објавена во научен магазин во 2011 покажа дека кај тие лица е зголемен ризикот од заболување од рак.

Здравствената програма на Светскиот трговски центар, а станува збор за сојузна програма за лицата преживеани од терористичките напади на 11 септември, во регистарот има 10.000 заболени од рак.

Жаклин Фебриле и Ричард Фарер се само дел од „обичните“ лиѓе кои работеле или живееле на јужниот дел на Менхетн во времето на нападот и таа категорија постојано расте.

На крајот на 2019 повеќе од 21.000 заболени се вклучени во програмата, што е двапати повеќе од јуни 2016.

Меѓу нив има речиси 4.000 заболени од рак, со тоа што најчестите се рак на простатата, дојките или кожата.

Иако е „невозможно за секој поединец да се утврди точната причина бидејќи ниедна анализа на крвта нема да го даде печатот на Светскиот трговски центар“, сепак неколку студии потврдуваат дека „процентот на заболени од рак пораснал меѓу 10 и 30 отсто кај лицата кои биле изложени на честичките“ на денот на нападот, вели Дејвид Презант, главниот лекар на њујоршките пожарникари.

Процентот би требало да расте во иднина имајќи предвид дека тие луѓе ќе стареат и поради природата на одделни облици на крацином како рак на белите дробови или мезотелиом кои се развиваат од 20 до 30 години, вели Презант.

Во тој контекст, американскиот претседател Доналд Трамп ратификуваше јули закон со кој од 2020 до 2090 се поместува крајниот рок на поднесување барања за отштета од специјалниот сојузен фонд за обештетување.

Фондот трајно ќе се пополнува откако ќе се потрошат почетните 7,3 милијарди долари. Просечната отштета се движи во распон од 240.000 долари по заболено лице до 682.000 долари за семејство на умрено лице.

„Никогаш немало напад кој би можел да се спореди со 11 септември“, вели адвокатот Метју Баионе кој ги застапува заболените Фебриле и Фарер во постапките за добивање оштета. Никој не можеше да предвиди што ќе се случи со милијардите тони градежен материјал кој гореше 99 дена“, што во воздухот испушти невидени количества хемикалии, меѓу нив диоксин, азбест и други канцерогени материи.

Допрва ќе се откриваат сите последици на нападот по здравјето на луѓето, но во меѓувреме Жаклин Фебриле и Ричард Фарер жалат што градот Њујорк не направил повеќе веднаш по нападот за да ги заштити жителите на тој кварт.

„Можеа да вложат напори за да спречат изложеност на здравите возрасни луѓе на загадувањето и да спречат влегување во зоната на нападот“, вели Фарер.

„Приоритетот им беше „градот што побрзо да се врати во нормала“, па така њујоршката берза отвори за само неколку дена, но никогаш не кажаа дека нешто може да се случи“, се жали Фарер.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе