КОП26

Во Глазгов склучен нов светски договор за климата

На самитот КОП26 во Глазгов беше постигнат договор со цел да се спречат опасните климатски промени.

Фото: ЕПА

Климатскиот пакт во Глазгов е првиот климатски договор што експлицитно планира да го намали јагленот, најлошото фосилно гориво за стакленичките гасови.

Договорот, исто така, притиска за поитни намалувања на емисиите и ветува повеќе пари за земјите во развој - да им се помогне да се приспособат на влијанијата врз климата.

Но ветувањата не одат доволно далеку за да се ограничи порастот на температурата на 1,5 Целзиусов степен, вели Би-би-си.

Обврската за постепено укинување на јагленот што беше вклучена во претходните преговарачки нацрти доведе до драматичен финиш, а Индија беше најголемиот противник на тоа.

Индискиот министер за клима Бупендер Јадав праша како земјите во развој би можеле да ветат постепено укинување на субвенциите за јаглен и фосилни горива кога „сè уште треба да се занимаваат со своите развојни агенди и искоренувањето на сиромаштијата“.

На крај, земјите се согласија да го „намалат“ наместо да го „исфрлат“ јагленот, од што некои беа разочарани. Претседателот на КОП26, Алок Шарма, рече дека му е „искрено жали“ поради развојот на настаните. Но тој рече дека е од витално значење да се заштити договорот како целина.

Како дел од договорот, земјите ветија дека ќе се сретнат следната година за да ветат дополнителни големи намалувања на јаглеродот за да може да се постигне целта од 1,5 Целзиусов степен. Сегашните ветувања, доколку се исполнат, ќе го ограничат глобалното затоплување само на 2,4 Целзиусови степени.

Ако глобалните температури се зголемат за повеќе од 1,5 Целзиусов степен, научниците велат дека Земјата најверојатно ќе доживее сериозни последици како, на пример, уште милиони луѓе да бидат изложени на екстремна топлина.

Земјите во развој, исто така, беа незадоволни од недостигот од напредок во идејата дека побогатите земји треба да им платат на посиромашните за ефектите од климатските промени на кои не можат да се приспособат.

И покрај слабеењето на отпорот кон јагленот, некои набљудувачи сепак го гледаат конечниот договор како победа, нагласувајќи дека ова е првпат јагленот директно да се споменува во документите на ОН од ваков тип.

Јагленот е одговорен за околу 40% од емисиите на ЦО2 секоја година, со што е во центарот на напорите да се задржи во рамките на целта од 1,5 Целзиусов степен. За да се исполни оваа цел, договорена во Париз во 2015 година, глобалните емисии треба да се намалат за 45% до 2030 година и на речиси нула до средината на векот.

Сепак, Ларс Кох, политички директор за добротворната организација Екшн еид, рече дека е разочарувачки што се споменува само јагленот.

„Ова им дава дозвола на богатите земји што повеќе од еден век извлекуваат ресурси и загадуваат да продолжат да произведуваат нафта и гас“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе