Во Германија спречен исламистички напад со смртоносен отров

Германските власти објавија дека безбедносните сили спречиле напад со смртоносниот отров рицин, кој го планирале исламистички терористи, пренесуваат агенциите.

Германското федерално обвинителство соопшти дека 29-годишен Тунижанец идентификуван како Сеиф Алах Х., кој бил уапсен вчера, преку интернет кон средината на мај го набавил материјалот за производство на отровот рицин.

Во јуни Сеиф Алах Х. Успеал да го направи смртоносниот отров, кој полицијата го открила при пребарувањето на неговиот стан во Келн.

Сѐ уште се истражува на кој начин Тунижанецот планирал да го употреби рицинот, но потврдено е дека планирал напад на територијата на Германија.

Обвинителството соопшти дека немаат докази за поврзаност на потенцијалниот напаѓач со која било екстремистичка организација. Иако германски Билд објави дека германските власти до потенцијалниот напаѓач дошле благодарение на информации на американски разузнавачи, германското обвинителство одби да ја коментира таа информација.

Рицин е исклучително отровна материја која предизвикува тешкотии во дишењето и други проблеми. Други симптоми се повраќање, дијареа и халуцинации.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе